Несреќа во Битола: Мотоцикл удри во „рено“

 

Момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во Битола.

-Вчера во 15:35 часот во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено-меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Р.М. од село Ивањевци и мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Х.Т. од Битола. Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега