Несовесни млади лица се групираат за ноќни трки во Тетово

 Во Тетово се забележани собири на млади лица и покрај препораките на надлежните тоа да се избегнува. Очевидци испратија фотографии од излезот на Тетово кон Скопје каде младите се собираат на паркинзните од бензинската станица и трговски центар, а потоа се тркааат со возила.

-Се прават трки во правец во правецот Тетово – Скопје. Почетна точка на собирање им е бензинската пумпа на Макпетрол и паркинзите кај Палма мол после 18 часот кога се затвораат тетовските кафулиња и ресторани. Полицијата интервенира, но со потешкотии. На собирите има повеќе од 100 лица иако има забрана за собири поради корона вирусот, велат очевидците на овие настани.

За разлика од овие места градските улици се празни поради препораките за престој дома и за затворање на угостителските објекти по 18 часот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега