Мигрант се здоби со струен удар од цистерна на Железничката станица Табановце

 

Вчера во 15:10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице - мигрант, кое било качено на цистерната.

Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица - мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега