Македонските цркви во Шведска слават 40 години јубилеј
Македонските православни црковни општини во Шведска, годинава го прославуваат својот 40-годишен јубилеј, јави дописникот на МИА.
По тој повод, денеска во Малме ќе се изврши осветување на новоизградениот храм „Св.Наум Охридски“. Со светата божествена литургија ќе чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Европски г.Пимен и други свешетенослужители.
Исто така, прослава ќе се одржи и во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг на 26 октомври каде со свое присуство присутните ќе ги удостои Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Освен во Малме и Гетеборг, во Шведска функционира уште една македонска црковна општина на подрчајето на Стокхолм, но таа е од понов датум и формирана е пред десетина години.