Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ чека трето дете
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Косана Мазнева по трет ќе стане мајка јавува Вечер. Весникот дознава дека Мазнева е во блажена состојба, откако неодамна заплови во брачните води со снимателот Мики Трајковски. Пратеничката од првиот брак ги има ќерките Ана и Михаела, а според нашите информации по трет пат ќе добие ќерка. Пратеничката, која инаку важи за една од најубавите во составот на владејачката партија, со Трајковски стапи во брак на почетокот на јули. Двојката пред да се венча во врска беше околу една година.
18.10.2013 - 23:11