Со пиштол се заканувал на вработени како обезбедување во трговски центар во Скопје

37-годишниот Е.Р. е приведен откако претходно со пиштол се заканувал на двајца вработени како обезбедување во трговски центар во Скопје.

-Вчера во 20.15 часот на бул.Јане Санданскиво Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(27) од Скопје поради тоа што претходно со пиштол се заканувал и упатувал закани кон двајца вработени како обезбедување вотрговски центар во Скопје, велат од МВР.

 Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега