Полицајци го фатила како „шмрка“ на паркинг

Полициски службеници лишиле од слобода двајца Охриѓани откако во нивниот автомобил била пронајдена дрога, а едниот од нив бил затекнат како конзумира.

-Синоќа во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.С.(28) и Д.Т.(29), двајцата од Охрид поради тоа што при преглед на патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашката материја, а Д.С. бил затекнат како конзумира дрога, велат од МВР.

 Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега