„После бурата доаѓа тагата“ - торнадо во Америка однесе животи, Тајчи испрати важна порака

 

Татјана Камерон Тајчи се огласи на социјалните мрежи и порача дека таа и нејзиното семејство се добро после силната бура и торнадото кои го погодија Нешвил, главниот град на американската сојузна држава Тенеси во кој живее таа со семејството.

„Откако ќе помине бурата, доаѓа тагата. Но, сепак, надежта, љубовта и некоја животна сила се издолжува некаде длабоко во нас и одлучивме да го потиснеме стравот на страна. Испратете ги своите мисли и молитви, пт е уште поважно, запрашајте се што може секој од нас да им понуди на своите пријатели и соседи, кои ги изгубиле саканите, домовите и имотот“, напишала таа на Фејсбук и додала:

„Поставете си го себеси тоа прашање не само кога нешто ќе се случи туку и тогаш кога се е мирно. Постојат многу луѓе на кои сме им потребни и во еден обичен вторник“, напишала пејачката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега