Ѓорчев: Ако не 61, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои барем 58 пратеници
Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека разликата во поддршката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е многу голема и тоа така ќе остане и до изборите.
-Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. Не можам во моментов да оценам колку ќе се отслика револтот на граѓаните на гласачките кутии. Ако не 61 пратеник, 58, 59 пратеници се солидна бројка. Јас се надевам на 61 пратеник.
Бројките и комбинациите ќе ги одредат граѓаните, вели Ѓорчев.
05.03.2020 - 22:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа