Бишевац: Случајот Рекет е производ на владеењето на СДСМ и Заев

 

Случајот Рекет и Катица Јанева беа последната шајка практично во ковчегот во таа некаква граѓански идеја на Шарената револуција. Нема и не може да има поголемо разочарување кај граѓаните и сите оние кои ја поддржуваа Шарената револуција кога првиот човек или оној кој во меѓувреме стана симбол на некаква борба против корупција, криминал, непотизам, на крај излезе како клучен и најважен рекетар во државата, вели Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

На прашањето дали тој смета дека случајот Рекет ќе одземе дел од гласовите на владејачката СДСМ, Бишевац посочи дека случајот Рекет ќе има сериозно влијание во намалување на рејтингот на СДСМ, додавајќи дека токму тој случај е производ на едно владеење.

– Апсолутно ќе има влијание и треба да има влијание. Рекет е производ на едно владеење. Очигледно е дека институциите без разлика какви се дали урнисани или не, не си ја работеле работата како што требало, па макар и во најмал облик. Невозможно е да очекувате да створите една таква атмосфера фрлајќи ја вината само на две личности, од кои едната е симбол на надеж и право и правда во државата. Второто кое што сметам дека ќе има сериозно влијание во губење на рејтингот на власта иако тоа ни стана секојдневие е што сериозни политичари не може да си дозволат да велат, денеска одлуката за преименување на училиштата во Чаир е незаконска и да ги повикуваат институциите да ги поништат, а утре преку Фејсбук статус ќе изјавите дека се направени темелни проверки на правни тимови и дека одлуката е законска. Сериозен и одговорен политичар ако не го знае одговорот тогаш ќе кажа ќе проверам, ќе видиме, ќе одлучиме и ќе го соопштиме ставот, а не вака, додаде Бишевац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега