Фетел: Баерн е фаворит, но ќе победи Борусија
- Трикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, во пресрет на германското финале во Лигата на шампионите прогнозира победа на „милионерите“ од Дортмунд.
- На хартија фаворит за освојување на трофејот е Баерн, но мислам дека Борусија ќе победи како награда за вложениот труд и резултатите кои ги постигна со младиот состав изминативе неколку сезони, истакна Фетел.
Тој прогнозираше резултат 2:1 за Борусија.
Големото финале ќе се одржи на 25 мај во Лондон на „Вембли“.
Како вовед во завршницата од елитното натпреварување викендов во Дортмунд, двете екипи одиграа нерешено 1:1 во рамките на 32.коло од Бундес лигата.