Заев се премисли: Промената на имињата на училиштата е законска
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера рече дека е незаконска промената на училиштата во Чаир, денеска се премисли и смета дека такво нешто е во ред.
„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.
После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.
Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.
Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.
СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот“, напиша Заев на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа