Епл ќе треба да исплати 500 милиони долари поради намерно кочење на старите модели

Компанијата Apple ќе плати до 500 милиони долари за да подмири една од тужбите во САД поради ограничувањата на старите iPhone уреди, пренесува Ројтерс.

Во зависност од тоа колку луѓе на крајот ќе се обидат да учествуваат во тужбата, секој корисник би можел да добие околу 25 долари по телефон, бидејќи најмалку 310 милиони долари ќе бидат наменети директно за потрошувачите.

Договорот ги покрива американските модели на iPhone 6, 6 Plus, 6s, 6s Plus, 7, 7 Plus и SЕ.

Според Ројтерс, адвокатите на тужбата исплатите ги оцениле како фер, разумни и адекватни.

Околу 11 милиони луѓе се соптвеници на овие iPhone телефони во САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа