Тошковски до Костадинов: Сум бил адвокат и на Заев, во лагата и криминалот сте најдобри
Во лагата се најдобри, исто како и во криминалот, и во тој правец продолжуваат и денес со изјавата на Костадин Костадинов која е манипулативна и невистинита. И колку повеќе лажат, толку повеќе им е очајна состојбата. Но какви се фактите: Како адвокат сум застапувал и застапувам членови на ВМРО-ДПМНЕ, неопределени, членови на СДСМ, државни институции и компании. И сите договори се склучени на законит, легален и транспарентен начин, реагира Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ кој додава:
„Околу хартиите со кои мафта Костадинов сигурно му недостигаат исплатите од 2018 и 2019 година направени додека Зоран Заев е премиер, а директор на компанијата е нивен кадар, бидејќи јас продолжив да бидам адвокат на истата компанија и по смена на власта. Ако првото било незаконско, значи таквата незаконитост ја продолжила и владата на Заев, или пак за офсајдов во кој залутаа не им се збори? Доколку имаше било каков криминал, зошто чекаа 3 години да го пријават? Воедно мене ми е жал што Костадинов го местат вака ниско во СДСМ, но морам да му соопштам дека како правен консултант имам договор и со Зоран Заев додека тој беше градоначалник. Ако имало „криминални шеми“ за кои обвинува Костадинов тогаш во нив бил и Зоран Заев?“
-Што се однесува до Костадинов за разлика од непријателското местење што му се случува во СДСМ би му дал еден пријателски совет, најди си добар адвокат, а на Заев би му порачал да ангажира неколку адвокатски канцеларии затоа што само еден добар адвокат не ќе да му е доволен.
п.с Костадине подобро извини се веднаш, затоа што во спротивно биди сигурен дека ќе следат соодветни правни постапки за твоите лаги и клевети!, потенцира Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа