Коронавирусот „демне“ во Италија, а Папата Фрањо не се чувствува добро, на вчерашната миса кивал и кашлал
Папата Фрањо е болен и нема да присуствува на денешната миса со римските свештеници во базиликата „Свети Јован Латеран“, соопштија официјалните лица. Ватикан изјави дека 83-годишниот папа не се чувствува добро и решил да остане во близина на хотелот „Свети Марта“ во Ватикан, каде што живее, како и да продолжи со другите планирани обврски, пренесе АП.
Нема повеќе официјални информации за природата на болеста на папата, но АП наведува дека папата бил виден како кива и го дува носот за време на вчерашната миса. Веста за здравјето на папата доаѓа во момент кога Италија се соочува со епидемија на новиот коронавирус.
Во северна Италија, се соопштува дека 400 луѓе се заразени од вирус кој се шири ширум светот од Кина. Три лица биле заразени во Рим и сите, наводно, биле излекувани. АП наведува дека папата генерално е во добра здравствена состојба.
Како млад, тој изгубил дел од белите дробови поради респираторни заболувања и исто така страдал од ишијас, што го отежнувало одењето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа