Шилегов: Кровот на средното хемиско училиште бил реконструиран во 2009 година
Силниот ветер кој синоќа дуваше со 100 километри на час го откорна покривот и на средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска, а булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов демантираше дека кровот на ова училиште било реконструиран пред 6 месеци, туку дека тоа било направено во 2009 година.
„Бидејќи вистината боли, па почнаа да спинуваат.
Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава.
Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што бога ми, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече ..“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа