Во комбе на пат Штип-Радовиш полицијата пронајде 40 мигранти- возачот уапсен

 

Вчера вечер во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.

Во близина на село Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега