Шест лица во Македонија уапсени откако биле фатени со дрога

Шест лица биле уапсени на територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден, откако кај нив била пронајдена дрога.

Вчера во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„50-та Дивизија“ го лишиле од слобода 23-годишниот М.Ј. од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

Синоќа во околу 00:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот В.З. од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризла. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Вчера во 20:35 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  Кичево ги лишиле од слобода 39-годишниот Д.С. од Гостивар, 19-годишниот Ф.А. од село Чегране, гостиварско и 20-годишниот Е.Н. од село Д.Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена  кеса со марихуана од околу 1,7 килограми. Tројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Дваесет минути по полноќ во село Пирок, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот Е.З. од село Мала Речица, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште три лица од с.Голема Речица и с.Камењане, тетовско, бил пронајден кокаин. Е.З. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега