Прегазен пешак на „Партизанска“- со тешки повреди итно пренесен на Клиника

 

Вчера попладне на „Партизанска“ во Скопје бил прегазен пешак, по што со тешки повреди веднаш бил пренесен на Клиника.

Вчера во 13.40 било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.И.(28) од Прилеп, удрило во пешакот Р.С.(81) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега