Замена на старите семафори на скопските улици

 

Од 21 до 26 октомври ќе се врши замена на старите семафорски контролери на градските улици, во рамки на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот.

Како што информираат од Град Скопје, замената ќе се врши на крстосниците и пешачките премини по должината на булеварот „Партизански одреди“, крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16 Македонска бригада“ и пешачкиот премин на булеварот „Александар Македонски“ кај „Алкалоид“ во населбата Автокоманда и крстосниците по должината на булеварот „Видео Смилевски - Бато“ во населбата Ново лисиче.

- Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се  наруши  координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварите „Партизански одреди“, „Александар Македонски“ и „Видео Смилевски – Бато“ и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот, информира Град Скопје.

Градските власти упатија апел учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

 

18.10.2013 - 14:18

најчитано сега