Амбросио ја откажа венчавката

Убавата  Алесандра Амбросио ја раскина свршувачката со Џејми Мазур.

Како што пишуваат медиумите раскинувањето наводно било мирно и двајца се согласиле за исто. Ја откажале венчавката и сега живеат одвоено.

„Radar Online“ објави дека меѓу нив двајца работите уште одамна не функционирале, а  Александра сосема избувнала откако Џејми бил фатен како вози автомобил со нивниот син во скутот.

 Ангелот на Викторија Сикрет и Џејми од оваа врска имаат две деца.

18.10.2013 - 14:09

најчитано сега