Скопјанец се самозадоволувал пред девојка во лифт, па се обидел да ја повлече кон него

 

Девојка од Кавадарци пријавила дека маж се самозадоволувал пред неа во лифт, а потоа се обидел да ја повлече кон него.

-Синоќа во 00:10 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 25.02.2020 околу 22:00 часот во лифт во зграда на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ едно лице се самозадоволувало пред неа и се обидело да ја повлече до него. Според пријавеното, таа го оттурнала и успеала да избега кога застанал лифтот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега