Расте бројот на загинати од трагедијата во Романовце- жена е петтата жртва од експлозијата

Денеска, во 13:20, на раните им подлегна 36 годишната пациентка, која беше во критична состојба. Веста ја потврди и директорот на Ургентен Центар, Илир Хасани.

Досега, од експлозијата на плинска боца во Романовце, животот го загубија три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.

Во Ургентниот центар се наоѓаат и двајца други лица, кои се во тешка состојба. Двајца други пациенти се Клиниката „Свети Наум Охридски“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега