Ужас: 23- годишно момче силувало малолетничка во Гевгелија

 

23- годишно момче од Гевгелија пред неколку дена силувало малолетничка, по што нејзината мајка пријавила во полиција, по што тој нил приведен.

Вчера во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија А.В.(23) од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

А.В бил пронајден и лишен од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во домот на А.В..

По извршените прегледи, А.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега