Данев: Законот за Јавно обвинителство СДСМ го донесе незаконски и насилнички
Драган Данев вечерва гостуваше во емисија на МРТ каде што посочи дека законот за јавно обвинителство не е изгласан легално, сите се сведоци дека законот се изгласа прво со 74 пратеници, а не со потребното мнозинство.
„Законот за јавно обвинителство предвидуваше одреден период да важат бомбите како доказ и како индиции, или прислушкувани разговори. A, од одреден период па понатака или од период кога СДСМ е на власт тие да не важат, ниту како индиции“, појасни Данев.
Данев додаде дека законот за јавно обвинителство не е ниту изгласан по редовна деловничка процедура, бидејќи според мониторот во Собрание јасно се виде дека го гласале само 74 пратеници. И не се знае по која деловничка одредба или по кој член од деловникот Талат уште еднаш го повтори гласањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа