Дошол од Охрид за да нападне скопјанец со нож - крвав инцидент во Скопје

 

Во текот на вчерашниот ден во Скопје, 58-годишниот скопјанец Т.Ј. бил нападнат со нож и малтретиран пред вратата од својот дом од страна на 62-годишниот С.Ѓ. од Охрид со кого пред неколку месеци се договориле од него да купи  плац, за што му бил исплатен аванс од 2.500 евра. Бидејќи истиот се откажал од купувањето на плацот и побарал да му бидат вратени парите кои ги дал, бил претепан од страна на бесниот охриѓанец.

На Т.Ј. му била нанесена расекотина во пределот на левата рака при што му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски”. 

18.10.2013 - 13:16
Фото: 
Пулс24

најчитано сега