Заев од Охрид: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

 

Овде да прошетаме низ Чаршијата и да разговараме со раководителите на одредени сектори со граѓаните поради тоа развојот и растот на секој дел од нашата земја е важен, рече вчера вечер претседатело на СДСМ, Зоран Заев во Охрид.

„Гранката на туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и затоа растот којшто го овозможуваме во туризмот е нешто на кое се радуваме и веруваме дека ќе биде дополнителна иницијална каписла за уште поголем развој на туризмот во периодот кој е пред нас. 2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации до Охрид, Скопје сето тоа го овозможуваа. Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид“ рече Заев.

Тој потенцираше дека во тој дух, економијата продолжува да биде нешто на што ќе бидеме целосно преокупирани.

„Јас верувам дека на решени работи со соседите, на интегрирана земја во НАТО, започнати преговори со ЕУ, изградено пријателство со соседите и тоа како можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој на нашата земја. Верувам дека Охрид ќе напредува, како сите други градови во Македонија за да можеме да кажеме дека сме успеале на тоа што целиме“ рече Заев кој вчера вечер го посети Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега