Мицкоски: Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, но долговите се исплаќаат навреме

 

Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, но Мицкоски тврди дека навреме си ги исплаќаат долговите. Кампањата ќе ја финансираат како и досега – од членарини на членството, донации и комерцијален кредит.

На прашањето, дали би прифатил донации и од контроверзни личности, Мицкоски одговори дека, на веб страницата на партијата е објавена сметката на која може да донира секој што сака.

– Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден – додаде Мицкоски.

Тој истакна дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој додаде дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра, иако државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега