Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре излегува на протест

 

На денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека утре во 18 часот од партијата ќе излезат на протест.

 

Мицкоски побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчера објавената аудио снимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

Вчера бевме сведоци на болната  вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното. Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише, рече Мицкоски.

„Слушнавме како Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев. Што е ова ако не погребување на правдата и фрлање на цела една држава на колена. Кога правда нема, нема ред, нема закон, и има криминал. Рекети, поткупи на квадрат, полиња со марихуана, тендери, насилие на избори, и што уште не.  И прашувате зошто? Па зошто правда нема, а чувме и зошто нема, рече Мицкоски.

 Тој повикува на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.

-Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие. Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и Врховниот суд. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност и задача, заврши Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега