Седум причини зошто цените на нафтата нема драстично да се намалат
САД се насред чудесниот бум поради домашното производство на нафта, кое во изминатата година достигна пораст за еден милион барели нафта дневно, што е највисоко ниво за неколку децении наназад. Производството на нафта во САД сега изнесува 6,5 милиони барели нафта дневно, што ги става на трето место по Саудиска Арабија и Русија (и двете со производство од околу 9,8 милиони барели нафта дневно). А овој тренд не покажува знаци на забавување.
Додајте го кон ова и бавното и стабилно опоравување на ирачката нафтена индустрија, плус тоа дека постојат изгледи оти техниките за фракување на каменот кои се применуваат во САД ќе бидат извезени во Кина и Русија, и се чини дека светската побарувачка на нафта во следниве години многу лесно ќе биде задоволена.
Затоа не треба да чуди што цените на нафтата во изминатите месеци паѓаат. Каде ќе води сево ова?
Па, аналитичарите Освалд Клинт и Роб Вест од Санфорд Бернштајн, иако не се шегуваат во врска со цените на нафтата, сепак веруваат дека постојат седум силни причини зошто нема да видиме драстичен и континуиран пад на цените на суровата нафта (кои тие ги нарекуваат „седум извори на скриена еластичност на нафтениот пазар“).
1. Пад на стапките на производство кај старите нафтени полиња
Не е мудрост тоа што производството на старите нафтени полиња опаѓа со стапка од 5 до 10 отсто на годишно ниво, и што тие полека одат во историјата, но никогаш целосно не се затвораат. Аналитичарите од Бернштајн на почетокот од годинава спроведоа истражување за 3.100 нафтени полиња кои го негираат тој мит. Тие открија дека опаѓањето на производството кај некои полиња е побрз. На пример, стапката на пад во Мексиканскиот залив е 23 отсто, а во Северното Море околу 10 проценти. Состојбата кај руските нафтени полиња е нешто подобра, со стапка на пад од 3,5 отсто. Дури и ако просечната стапка на пад на светско ниво е околу пет проценти, тоа значи дека на оваа индустрија и е потребно да создава по една нова Саудиска Арабија отприлика на секои две години.
2. Возачите се чувствителни на цените на бензините
Податоците од Министерството за енергија и од Федералната администрација за автопатишта, покажуваат дека бројот на извозени милји кои американските возачи ги поминуваат, е неизбежно поврзана со зголемувањето на цената на бензините. Кога во 2008 цените на безините пораснаа за 25 отсто, бројот на поминат милји опадна за скоро 3,5 %. Кога цените паднаа за 35 проценти во рецесијата во 2009, бројот на поминати милји во секоја следна година скокаше за 2,8 отсто. Се уште нема нови приуси или тесли кои ова ќе го променат: ако цената на бензините паѓа, побарувачата за нив ќе порасне.
3. Европските увози
И покрај слабите пазари, се очекува европските рафинерии да купуваат повеќе сурова нафта кога цените паѓаат. Токму тоа и го правеа минатата година, кога цените паѓаа - купија дополнителни 1,2 милијарди барели. Залихите на сурова нафта во Европа изнесуваат околу 100 милиони барели, што е под пет годишниот просек, па затоа увозниците најчесто купуваат кога цените паѓаат.
4. Залихите на Кина
Аналитичарите од Бернштајн забележале дека во 2012 година, Кина ја зголемиле стапката со која пораснале нејзините залихи на нафта, и тие во 2012 изнесувале 240 милиони барели за разлика од 140 милиои во 2011 година. Кога цената на нафтата скокна во фебруари годинава, Кина го намали увозот на најниско ниво во споредба со претходните пет месеци, што поажува дека ако цените на суровата нафта паѓаат, тие ќе продолжат да купуваат.
5. Пораст на маргиналните трошоци
И покрај огромниот пораст на производство на нафта во САД, трошоците за вадењето на истата таа нафта покажуваат неочекувани стапки. Бројките од Бернштајн покажуваат дека цената за производство на последниот барел скокнала од 89 долари во 2011, на 114 во 2012 година. Скоро 95 проценти од производството во САД чини по маргинална цена од 71 долари за барел. Пресметката на дел од маргиналните трошоци вклучува и нефинансирани трошоци, како што е девалвацијата, но на долг рок корпорациите нема да преживеат ако нивните трошоци на маргиналното производство се повисоки од моменталната цена на суровата нафта.
6. Американските мали бушотини
Први кои ќе пропаднат ќе бидат малите бушотини. Постојат маргинални бушотини кои произведуваат помалку од 15 барели на ден. Но ги има многу, доволно да произведат и до еден милион барели на ден, кога цената на нафтата е висока. Цените на производство кај малите бушотини често се високи, затоа што тие извлекуваат многу вода заедно со нафтата, а вадењето на водата и нејзината обработка може да биде скапо, посебно кога немате економска исплатливост за тоа. Повеќето од овие извори стануваат неекономични со цена на нафтата под 90 долари.
7. ОПЕК
Овој картел има минимално производен капацитет од 30 милиони барели нафта на ден. Но земјите членки денес произведуваат повеќе, околу 30,4 милиони барели на ден. На земјите членки на Опек им е потребна цена од 90 до 100 долари за да ги балансираат своите буџети и да ги усреќуваат нивните луѓе заради трошењата на владите. Тие ќе се придржуваат до квотите со цел да се одржува цената на нафтата. Саудијците покажаа дека можат да бидат прилично дисциплинирани кога станува збор за намалување на производството. Во 2009, кога цената на нафтата се урна, тие се вратија на 1,5 милиони барели на ден. Тие исто одлучно извезуваат помалку кога цените се ниски, и ја задржуваат нафтата во кралството.
Како заклучок, момчињата од Бернштајн веруваат дека овие седум критериуми ќе бидат доволни да се зацементира глобалното набавки на нафта на 1,5 милиони барели на ден, ако суровата нафта Брент падне на 90 долари - тоа ќе создаде доволно цврстина да се вратат цените назад на над 100 долари. Затоа инвестирајте според овие препораки