СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана
ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека токму неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство - покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд.
„Со Законот овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази.
Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази.
Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. Затоа е паниката кај Милошоски, затоа е паниката во белиот дворец.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија која под режим ја држеше државата и граѓаните, партија – симбол на криминалот и корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски, а управувана од Груевски се заканува дека ќе го врати назад режимот, а државата назад во изолација. Но тој филм нема да го гледаат, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!“ велат СДСМ преку соопштение.
24.02.2020 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа