Мисајловски: Ѓорчепетровци се горд народ кој си ја сака државата повеќе од се, време е за обнова
„Масовна средба со граѓаните во Ѓорче Петров.
Проблемите секаде исти.
Разочарување, неисполнети ветувања, деградирање на националните интереси.
Ништо не е мрднато скоро три години.
Ѓорчепетровци се горд народ кој си ја сака државата повеќе од се.
Сакаат својата татковина да биде развиена, горда, напредна и достоинствена.
Народот да биде побогат, пообединет и посилен.
ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија која ќе ги штити интересите на сите граѓани и ние тоа гордо го кажуваме.
Време е за обнова!
Во Ѓорче Петров силно победуваме!“, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
23.02.2020 - 15:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа