ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја потврди автентичноста на бомбата за мафијата на Заев, тој бил премиер и врховен судија

 

СДСМ ја потврди автентичноста на аудио разговорот за мафијата на Заев, ова денеска преку реакција на прес-конференцијата на Хари Локвенец го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во тој разговор се гледаат три работи:

Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија, договара одлуки на Врховниот суд и се фали дека без него не се може во судството.

Второ, криминалецот Зоран Заев вели трас-трас Врховен суд ќе донесе одлука по желбата на Заев, а Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк.

Трето, криминалецот Заев договара закон за јавно обвинителство кое ќе ги падне случаите, ако не тука е Врховен тоа да го направи, се потенцира во рекацијата.

Од партијата додаваат дека видовме дека криминалецот Зоран Заев бил близок со Јово Вангеловски кого пред медиумите лажно го напаѓа.

-Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега