Илиевски за Заев: Монструозно, позади завеси нарачувал обвиненија и пресуд
По објавената снимка од страна на Антонио Милишоски на денешната прес конференција, Богдан Илиевсли на социјалните мрежи напиша:
„Пред јавност се ужасаваше од неправди, маршираше за правда и обвинуваше дека друг контролирал суд. Позади завеси нарачувал обвиненија и пресуди и наредувал на судии и обвинители. Монструозно.
Прашањето (кое во суштина е реторичко) е дали треба итно да поднесе оставка од претседателската позиција во партијата, или чесните во СДСМ сепак не се срамат од ваков човек?“, напиша Илиевски.
23.02.2020 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа