Европска Комисија: Фејсбук теба да се прилагоди кон ЕУ, а не обратно

Комесарот на Европската комисија, Тиери Бретон изјави денеска дека Фејсбук треба да се прилагоди на европските стандарди, а не обратно, и ги критикувал предложените правила на американскиот технолошки гигант како недоволни.

Неговите коментари дојдоа по кратката средба со извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг и два дена пред Бретон да ги воведе првите правила за ограничување на американските технолошки гиганти и кинеските компании.

„Не е на нас да се прилагодуваме на компанијата, туку компанијата да се прилагоди кон нас“, им рече на новинарите Бретон, поранешен директор на францускиот телекомуникациски оператор Оринџ и француската технолошка компанија Атос.

Бретон исто така изјави дека до крајот на годината ќе треба да се одлучи дали да се усвојат строгите правила во рамките на законите за дигитални услуги со кои ќе се регулираат мрежните платформи и ќе се утврдат нивните одговорности.

Тој го отфрли документот за дискусија објавен денеска од Фејсбук, во кој се предлагаат полесни правила.

„Тоа не е доволно“, рече Бретон. Тој додаде дека Фејсбук не ја спомнал својата доминација на пазарот и не ги прецизирал своите обврски.

Европскиот комесар за правда, Вера Џурова, која се состана со Закерберг, беше подеднакво загрижена за улогата на Фејсбук во борбата против говорот на омраза на интернет, дезинформација и изборна манипулација.

„Фејсбук не може да ја отфрли одговорноста. Фејсбук и г-дин Закерберг мораат сами да одговорат на прашањата кои сакаат да бидат како компанија и чии вредности сакаат да ги промовираат“, рече Џурова.

„Владите или регулаторите не можат да гарантираат дали Фејсбук ќе биде сила на добро или на зло“, додаде таа.

Бретон ќе ги објави своите предлози за употреба на податоците во индустријата и борбата против доминацијата на „Фејсбук“, „Гугл“ и „Амазон“ во среда.

Исто така, ќе објави политики за управување со вештачка интелигенција што ќе влијаат на компаниите како „Фејсбук“.

Минатиот месец, извршниот директор на Алфабет, Сундар Пичаи и претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, беа во Брисел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега