Трик кој ќе ви помогне да ги зготвите највкусните тестенини

 

 

Водата во која ги вариме тестенините најчесто завршува во одводот, но таа може да се употреби и потоа.

Водата во која се вареле тестенините е полна со скроб и сол. Иако изгледа матно и валкано, таа е клуч за вкусен сос и повкусни тестенини. Откако ќе ги зготвите, зачувајте дел од водата во филџан.

Откако тестенините ќе ги полиете со сос, додадете ја и оваа вода, која претходно ја тргнавте на страна. Водата ќе го збогати сосот, и тој ќе добие поинтензивен вкус.

Скробот делува и како средство за згуснување. Овој трик е она што го одвојува просечното јадење со тестенини од вкусното.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега