Загинатиот мотоциклист од Гевгелија е повеќекратен фаќач на крстот за Водици

 

Гевгеличанец вчера го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа на автопатот од граничниот премин „Богородица“ кон Гевгелија. Како што пренесува порталот Скај, 34-годишниот гевгеличанец управувал со мотор „хонда чопер", а поради непочитување на сообраќајни знаци на патот изгубил контрола, удрил во метална конструкција и се превртел.

Повредениот бил веднаш пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, но за жал им подлегнал на повредите.

Инаку, од гевгелиската полиција информираат дека се работи за Ристо.К. кој е сопственик на кафулето „Центар" и повеќекратен фаќач на светиот крст во водите на реката Вардар за време на Богојавление – Водици.

18.10.2013 - 10:33

најчитано сега