Мекејлеб ја започна новата сезона со победа

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со победа ја започна новата сезона во кошаркарската Евролиг кога во неговиот клуб Фенербахче на гостувањето во Киев ја победија екипата на Будивелник со 102:84.

Мекејлеб за 25 минути поминати на теренот реализираше 11 поени.

Ова беше дуел од А групата каде уште играа Нантер - ЦСКА Москва 59:62 и Барселона - Партизан 67:60.

Два натпревара се одиграа во Б-групата: Бросе Баскетс - Стразбур 87:70 и Анадолу Ефес - Армани 87:67. 
Вечерва се игра дуелот Жалгирис - Реал Мадрид.

Во Ц-групата Монтепаски дома загуби од Галатасарај со 85:74. 
Вечерва играат Стелмет - Баерн Минхен и Олимпијакос - Уникаха Малага.

Резултати постигнати во 1.коло во групата Д: Црвена Звезда - Локомотив Кубан 87, Литвос Ритас - Панатинаикос 84:83 и Лаборал - Макаби 84:80. 

18.10.2013 - 10:14
Фото: 
засе.мк