Турција нема да гради ѕид кон Сирија
Турција нема да гради ѕид долж границата со Сирија, за спречување на прилив на бегалци, целта е да се заштити населението од минско поле, објасни министерот за внатрешни Муамер Ѓулер,
Турската армија гради ѕид во граничниот округ Мардин, со цел да спречи илегално преминување на границата и шверц,објавија турските медиуми.
- Не постои такво нешто како ѕид, што се гради. Има еден куп шпекулативни тврдења, изјави министерот.
Ѓулер сепак призна дека се гради препрека во регионот, што има за цел да се заштитат граѓаните од минско поле.
- Дали може да има ѕид меѓу нас и Сирија? Дали со ѕид ќе ги решиме проблемите по 910-километарската граница? Не знам дали дете или некој друг ќе поверува на тоа, нагласи министерот.
18.10.2013 - 10:11