Тешка сообраќајка во Струмица - 5 лица во болница
Во сообраќајна незгода, која се случи вечерва, на регионалниот пат Струмица - Дабиле, полесно се повредени пет лица, кои се примени во Струмичката болница, каде им е укажана лекарска помош. За среќа, сите поминале со полесни телесни повреди, без скршеници и опасност по нивните животи, дознава СтрумицаНет од ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица.
Сообраќајката се случила по 19:00 часот, кај раскрсницата за Сачево помеѓу две патнички возила „Фиат пунто“ и„Голф“. Во возилото марка „Фиат пунто“, кое се движело кон Берово, се превезувале лицата: К.К.(47), К.Д. (73) и К.В.(73), сите од селото Русиново, Беровско, додека во другото патничко возило, марка „Голф“, се превезувале лицата: Б.П. (42) и К.П.(42) од Струмица.
Според првичните неофицијални информации патничкото возило „Голф“, кое се движело кон Струмица, скршнало од патот и се судрило со патничкото возило „Фиат пунто“, кое се движело на патот кон Берово.
На возачот на возилото „Голф“, му е направен алко-тест во болницата и лекарите констатирале поголемо количество на алкохол од дозволеното.
Сите повредени се пуштени на домашно лекување.