Жена од Тетово натепала полицаец

31 годишна жена од Тетово натепала полицаец кој се обидел да ја приведе поради издржување казна затвор. Како што информира полицијата, 31 годишната З.А ќе добие кривична пријава за напад врз службено лице откако во март, годинава, при обид да биде приведена физички го нападнала полицискио службеник при што му нанела телесни повреди. Жената на крајот сепак била совладана и приведена.

најчитано сега