Веќе ништо не е бесплатно - YouTube воведува претплата
Видео сервисот YouTube како што пишува Фајненшал тајмс ќе воведе модел на претплата на неговите канали
Според најавите, на почетокот ќе биде во можност да се претплатите на 50 YouTube канали а месечна цена од канал ќе изнесува 1,99 долари. Од YouTube не откриваат ништо официјално, но и порано се шпекулираше дека сервисот бара модел напретплата со кој оваа услуга ќе понуди дури и повеќе квалитетни содржини.
Според статистиката која ја објави Фајненшл Тајмс, YouTube секој месец им по околу милијарда уникатни корисници кои прегледуваат видео содржини во вкупно траење од 4 милијарди часови, а секој час се аплоудираат околу 72 часа видео содржини