„Ме истуркаа како вреќа компири“ - инцидент пред промоцијата на книгите за Тодор Александров на Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов дојде во Битола да промовира книги на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.

Додека Каракачанов даваше изјава за новинарите, велејќи дека историјата е јасна кој е Гоце Делчев, битолскиот музичар Славчо Спировски му се приближи и почна да му реплицира на повисок тон дека Делчев се борел за независна Македонија, а не за Бугарија. По, ваквата реакција, дел од луѓето кои беа до Каракачанов го истуркаа на страна, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

„Ме истуркаа како вреќа компири, па влегов во ресторанот од спротива, но добар сум“, ни изјави Спировски.

Каракачанов дојде во Битола да промовира книги на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола. 

Каракачанов по ова продолжи со изјавата, велејќи „секој има право да постави прашање, а Гоце Делчев напишал сам каков е, нема смисла да се спори за глупости“.

„На крај на краиштата има држава Македонија и Бугарија, во двете го почитуваат, во двете има споменици на Гоце Делчев. Но, да не спориме тој чиј е, најдобро е да прочитаме што тој напишал и сакал. Колку повеќе се чита историјата и се гледаат фактите внатре, толку полесно ќе се решат споровите. Спорот е политички, а историјата е очигледна. Но, да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин зашто сакал бугарски пасош нема таква глупост. Во тоа време на никој не му требал пасош од Бугарија за да дојди да учи. Тој доаѓал да учи во Софија, а не одел во Атина, Белград, Петербург, што има да спориме“, рече Каракачанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега