Триесет и едно лице починаа од птичји грип во Кина - 121 нови заболени од Х7Н9

 

Нови 121 лице се евидентирани како заболени од новиот птичји грип во Кина. Досега веќе 31 лице починаа од истиот. За среќа медицинскиот персонал успеал да излекува 42 лица. Засега никој вклучително и Светската здраствена организација нема докази дека новиот вирус се пренесува лесно од човек на човек.

Кинеските научници тврдат дека вирусот се пренесувал на луѓето од заразени птици. Но според СЗО 40 проценти од заразените со Х7Н9, се чини, немале никаков контакт со птици.

најчитано сега