Првата транша помош за Кипар пристигнува кон средината на мај

 

Првата транша од меѓународна финансиска помош која што Кипар треба да ја добие од страна на Европската Унија, треба да се случи во средината на мај. ЕК веќе даде зелено светло за исплата на првата финансиска инјекција од договорената пакет помош меѓу Никозија и „тројката“ кредитори.  

По Еврокомисијата, која оцени дека Кипар ги исполни сите предуслови за исплата на првата транша од помошта, се очекува во текот на следната недела ваква одлука да донесе и Меѓународниот мионетарен фонд (ММФ).

Доколку се оствари ваквото сценарио, тогаш кон средината на мај Никозија ќе ја добие првата транша од помошта во висина од 87 милиони евра.

Во исто време, од Москва пристигнуваат информации дека Русија ќе ја намали каматата на кредитот што му го исплати на Кипар во декември 2011 година од сегашните 4,5 на 2,5 проценти и дека ќе го продолжи рокот за негово враќање до 2018 година. Станува збор за кредит во износ од 10 милиарди евра. 

ФОТО: Сител.ком.мк

најчитано сега