Изминатиот викенд пронајдени триесет тела во Мексико
Дел од телата биле пронајдени во Синалоа, седумнаесет на број, од кои шест биле фрлени низ автопат, додека две од нив биле обезглавени. Седум пак се најдени во мексиканската држава Мичоакан, додека троца мажи и три жени во тајна гробница во руралниот дел. Кај сите се видливи знаци на насилство, а нозете и устите им биле врзани.
Државниот обвинител Марко Антонио Игуера истакна дека високи функционери ќе одржат итен состанок во врска со очевидниот раст на бројот на убиствата.
Мексиканското Министерство за внатрешни работи минатиот месец соопшти дека бројот на смртни случаи, кои се поврзуваат со нарко-бизнисот, се намалил за 14 отсто од декември до март во однос на истиот период лани, но дека бројот на убиства кои не се поврзани со дрогата се зголемил за 6,8 проценти во истиот период.