Скопјанец го нокаутирал својот сосед поради детска игра
Млад скопјанец се збеснал и го натепал својот 55 годишен сосед.
Според информациите од полицијата, 18 годишниот Е.А. вчера околу 14:30 часот го нападнал 55 годишниот Д.Д. на улицата „Лисец“ во Скопје.
Инцидентот се случил откако Д.Д. отишол кај Е.А. за да го предупреди дека неговиот внук фрла камчиња во туѓ двор. Младиот скопјанец се налутил и го удрил својот сосед, нанесувајќи му видлива повреда.
Полицијата го расветлува случајот.
17.10.2013 - 12:39