Српски Кингер ќе лета по кобниот пат Скопје - Мостар - продолжува истрагата за смртта на Борис Трајковски

Продолжува истрагата за смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски. Српскиот Кингер кој е речиси идентичен со Кингерот кој се урна пред повеќе од 9 години кај Мостар, денеска ќе лета по истата рута.

Кингерот треба да слета на скопскиот „Александар Велики“ и потоа, по брифингот со пилотите, тој ќе полета кон Мостар.

Симулацискиот лет треба да ги открие приликите за време на летот и да се изврши калибража на процедурата на мостарскиот Аеродром.

Омер Кулиќ, главниот истражител во новоотворената истрага, пред еден месец изјави дека досега се откриени битни разлики со првиот извештај за уривањето на Кингерот. Press24 го контактираше  Кулиќ, кој во моментов е во авионот и ја врши сиумулацијата. Повеќе детали тој најави за во текот на денот.

Во уривањето на Кингерот загинаа македонскиот претседател Борис Трајковски и 8 членови на неговата делегација и на екипажот.

 

 

17.10.2013 - 11:50

најчитано сега