Загина 10 годишно момче во Скопје

Десетгодишниот Дибер М. од Скопје вчера попладне бил прегазен од автомобил на улицата Скупи во Скопје. Како што информира полицијата, околу 15 часот, кога Дибран ја поминувал улицата на него налетал 23 годишниот Ш.И со патничко возило марка Голф и го удрил. Од здобиените повреди, 10 годишниот Дибран починал на патот кон болница.