Македонијо навали - влезниците за концертот на Џамбазов се пуштени во продажба
Заинтересираните граѓани од денеска ќе можат да си купат билети за јубилејниот Мултимедијален Концерт на великанот Игор Џамбазов кој ќе се одржи на 1-ви Ноември во Арената „Борис Трајковски“, во организација на “Горила Продукција“и “Трансмет”.
Влезниците се достапни во повеќе категории и тоа: 300 денари горните три реда од трибините, 400 денари останатите редови од трибините, 350 денари партер, 500 денари ВИП трибини, 600 денари Вип партер. Влезниците можат да се купат преку продажната мрежа на Мктикетс во продажните места на Оне, Офис плус и југотон.
Од „Горила“, велат дека очекуваат посета од над 10.000 Џамбољубители од цела Македонија. Во соработка со неговиот музички гуру Игор Атанасовски – Харе, како специјални гости на концертот ќе бидат Калиопи, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Влатко Илиевски, Пере и Франц од групата Нокаут, Димитар Андоновски, SarahMACE, Коки, Танец, хорот на Златното Славејче под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, како и неговите колеги актери Сашко Коцев и Тони Михајловски.